CLIPS е софтверска алатка која се користи за развој на експертен систем (програми кои не се засноваат на даден алгоритам, туку се обидуваат да го имплементираат човековото знаење - екпертиза). Името претставува акроним од целосното име "C Language Integrated Production System". Синтаксата на CLIPS и името се инспирирани од OPS ("Official Production System”) на Charles Forgy, иако тоа официјално никогаш не е потврдено. Развојот на оваа алатка започнува во 1985 година во центарот на НАСА, Johnson Space Center, и продолжува сè до среднината на деведесеттите години кога развојот на експертните системи престанува да биде во фокус. Оригиналното име на овој проект е NASA's AI Language (NAIL).
CLIPS е веројатно најраспространета алатка за развој на експертни системи, бидејќи е брза, ефикасна и бесплатна. CLIPS во себе вклучува комплетно објектно-ориентиран јазик COOL за создавање на експертни системи. CLIPS е напишан во C, исто така може да се пишуваат екстензии во C и истиот може да се повикува од програми напишани во C. Главна причина за развој на CLIPS било да се замени LISP која тешко се интегрира со други јазици, што значи развојот на вградливи апликации со LISP е сложен.
© MMXXIII Rich X Search. We shall prevail. All rights reserved. Rich X Search